Competition in this pair is now closed. Source text in English I remember reading once that some fellows use language to conceal thought, but it's been my experience that a good many more use it instead of thought.
A businessman's conversation should be regulated by fewer and simpler rules than any other function of the human animal. They are:
Have something to say.
Say it.
Stop talking.
Beginning before you know what you want to say and keeping on after you have said it lands a merchant in a lawsuit or the poorhouse, and the first is a short cut to the second. I maintain a legal department here, and it costs a lot of money, but it's to keep me from going to law.
It's all right when you are calling on a girl or talking with friends after dinner to run a conversation like a Sunday-school excursion, with stops to pick flowers; but in the office your sentences should be the shortest distance possible between periods. Cut out the introduction and the peroration, and stop before you get to secondly. You've got to preach short sermons to catch sinners; and deacons won't believe they need long ones themselves. Give fools the first and women the last word. The meat's always in the middle of the sandwich. Of course, a light butter on either side of it doesn't do any harm if it's intended for a man who likes butter.
Remember, too, that it's easier to look wise than to talk wisdom. Say less than the other fellow and listen more than you talk; for when a man's listening he isn't telling on himself and he's flattering the fellow who is. Give most men a good listener and most women enough note-paper and they'll tell all they know. Money talks -- but not unless its owner has a loose tongue, and then its remarks are always offensive. Poverty talks, too, but nobody wants to hear what it has to say. | The winning entry has been announced in this pair.There were 5 entries submitted in this pair during the submission phase. The winning entry was determined based on finals round voting by peers.
Competition in this pair is now closed. | Се сеќавам еднаш прочитав дека некои луѓе го користат јазикот за да ги сокријат мислите, но моето искуство вели дека многу повеќе луѓе го користат јазикот наместо мислата. Разговорот на деловниот човек треба да биде сведен на помалку и поедноставни правила во споредба со која било друга функција на човечкото битие. Тие се: Имај што да кажеш. Кажи. Престани да зборуваш. Почнувајќи пред да знае што сака да каже и продолжувајќи откако кажал, трговецот завршува на суд или во прифатилиште за бездомници и сиромашни, а првото е краток пат до второто. Водам правен оддел овде и ме чини многу, но потребен ми е за да не се сплеткам со законот. Нормално е кога ѝ довикуваш на девојка или муабетиш со пријатели по вечера, да водиш разговор кој личи на училишна екскурзија во недела застанувајќи попатно да набереш цвеќе; но в канцеларија речениците треба да бидат што е можно пократки и појасни. Изостави ги воведот и заклучокот и застани пред да преминеш на следното. Проповедај кратки беседи за да ги уловиш грешниците; а на ѓаконите нема да им бидат потребни долги беседи. Нека будалите го имаат првиот, а жените последниот збор. Месото е секогаш во средината во сендвичот. Секако, нема зијан од танок слој путер на обете страни, ако е наменет за човек што сака путер. Запомни, исто така, дека е полесно да изгледаш мудро отколку да мудруваш. Кажи помалку од другиот и повеќе слушај отколку што зборуваш; оти кога човек слуша, тој не се оговара себеси, ами му ласка на тој до него. Ислушај ги добро повеќето мажи, а на повеќето жени дај им доволно хартија за пишување и тие ќе ти кажат сè што знаат. Парите зборуваат – но не ако нивниот сопственик е големо шлапало, па тогаш нивните пораки се секогаш навредливи. И сиромаштијата зборува, но никој не сака да чуе што има да каже.
| Entry #10777
Winner Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
26 | 6 x4 | 1 x2 | 0 |
| Се сеќавам, еднаш прочитав дека некои луѓе го користат јазикот за да ги сокријат мислите, но моето досегашно искуство вели дека повеќето го користат јазикот наместо да мислат. Говорот на еден бизнисмен треба да биде регулиран од што помалку и поедноставни правила отколку која било друга функција на човечкото животно. Тие правила се: Имај што да кажеш. Кажи го. Не зборувај повеќе. Ако трговецот почне да зборува пред да знае што сака да каже и ако продолжи да зборува, може да добие тужба или да осиромаши, а првото води кон второто. Овде имам правна служба која чини многу пари, но ме штити од тужби. Во ред е кога и се јавуваш на некоја девојка, или кога после вечерата разговараш со пријателите за неделната школска екскурзија со попатни застанувања за берење цвеќе; но во канцеларијата твоите реченици треба да бидат што е можно пократки. Исфрли ги воведот и заклучокот, и застани пред да продолжиш понатаму. Проповедај кратко за да ги фатиш грешниците; и ќе ги увериш ѓаконите дека и ним не им треба долга проповед. Препушти им го првиот збор на будалите, а последниот на жените. Месото е секогаш во средината на сендвичот. Секако, малку путер на која било страна од сендвичот не штети доколку е наменет за човек кој сака путер. Исто така, запомни дека е полесно да изгледаш мудро отколку да зборуваш мудро. Зборувај помалку од другиот и слушај повеќе отколку што зборуваш; затоа што кога човек слуша не се издава самиот себеси, туку му ласка на оној што се издава. Биди им добар слушател на повеќето мажи и прифаќај ги забелешките на повеќето жени, и тие ќе кажат сè што знаат. Парите зборуваат – но само ако нивниот сопственик има голема уста, а тогаш нивните забелешки се постојано навредливи. Зборуваат и сиромашните, но никој не сака да ги слушне. | Entry #10609
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
18 | 3 x4 | 2 x2 | 2 x1 |
| Се сеќавам еднаш читав дека некои луѓе го користат јазикот за да ја скријат мислата, но моето искуство е дека многу други не го користат јазикот за мислење. Разговорот на еден бизнисмен треба да се раководи од помалку и поедноставни правила отколку која било друга функција на човечкото животно. Тоа се: Имаш нешто да кажеш. Кажи го. Прекини со зборувањето. Да почнеш со зборување пред да знаеш што сакаш да кажеш и да досадуваш откога си го кажал тоа на трговец му носи судска постапка или сиромаштија, а првото е кратка патека кон второто. Овде водам правен оддел, а тоа чини многу пари, а тоа мене ме спречува да одам в суд. Во ред е кога повикуваш девојка или зборуваш со пријатели по вечерата за да разговараш за училишната екскурзија в недела, со паузи да ги навадиш цвеќињата, но в канцеларија твоите реченици треба да бидат колку што може кратки помеѓу паузите. Скрати го воведниот и завршниот дел и прекини пред да дојдеш до второто. Треба да дадеш кратки проповеди за фаќање на грешници, а ѓаконите не веруваат дека ним им требаат долги проповеди за тоа. Дај им прво збор на будалите, а на жените дај им го последниот збор. Месото е секогаш во средината на сендвичот. Се разбира, лесен путер од секоја страна не прави лошо ако сендвичот е наменет за некој што сака путер. Исто така, запомни дека е полесно да изгледаш мудар отколку да зборуваш мудро. Кажи помалку од другиот и слушај повеќе отколку што зборуваш, зашто кога човек слуша не се издава и му ласка на тој што зборува. Дај им на повеќето мажи добар слушател, а на повеќето жени доволно хартија за забележување и тие ќе ти кажат сé што знаат. Парата и железна врата отвара, освен ако тој што има пари има и долг јазик, во тој случај неговите забелешки се секогаш навредливи. Исто така, и сиромаштијата зборува, но никој не сака да слушне што има таа да каже.
| Entry #10160
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
9 | 0 | 3 x2 | 3 x1 |
| Се сеќавам еднаш прочитав дека некои го користат јазикот да ги прикријат мислите, но од мое искуство многу поголем број го користат наместо мислите. Разговорот на бизнисменот треба да е регулиран со помалку и поедноставни правила отколку која било друга функција на човекот-ѕвер. Тие се: Имај што да кажеш. Кажи го. Престани да зборуваш. Да започнеш пред да знаеш што сакаш да кажеш и да продолжиш откако ќе го кажеш го носи трговецот на суд или во прифатилиште за сиромаси, а првото е скратен пат до второто. Водам одделение за правни работи тука, и тоа чини многу пари, но тоа е за да ме заштити од одење на суд. Кога молиш девојка или зборуваш со пријатели по вечера во ред е да водиш разговор како екскурзија од неделно училиште, со паузи за собирање цвеќиња; но во канцеларија должината на речениците меѓу точките треба да ти е што е можно пократка. Скрати го воведот и завршниот дел, и застани пред да дојдеш до второто. Мора да проповедаш кратки проповеди за да ги уловиш грешниците; а ѓаконите не веруваат дека ним лично им требаат долги. На будалите дај им го првиот збор а на жените последниот. Месото е секогаш на средина на сендвичот. Секако, малку путер на секоја страна не прави никаква штета ако е наменет за човек кој сака путер. Запомни и дека е полесно да изгледаш мудро отколку да зборуваш мудро. Кажи помалку од другиот и слушај повеќе отколку што зборуваш; оти кога човек слуша не се открива самиот и му ласка на оној кој го прави тоа. На повеќето мажи дај им добар слушател а на повеќето жени доволно хартија за белешки и ќе кажат сè што знаат. Парите зборуваат – но не освен ако сопственикот има одврзан јазик а забелешките му се секогаш навредливи. И сиромаштијата зборува но никој не сака да слушне што има да каже таа.
| Entry #8560
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
5 | 0 | 2 x2 | 1 x1 |
| Се сеќавам дека еднаш во читање на некои соработници го користи јазикот да ја прикријат мислата, но моето искуство е дека добар многу повеќе го користат наместо на мислата. Еден бизнисмен на разговор треба да бидат регулирани со помалку и поедноставни правила отколку која било друга функција на човековите животно. Тоа се: Има нешто да каже. Велат дека тоа. Запре. Почеток пред да знаете што сакате да го кажам и за чување, откако ќе се рече дека тоа земјиште трговец во тужба или poorhouse и првиот е кратка намалување на вториот. Јас одржување на правен сектор овде, и чини многу пари, но за да ме нема со закон. Тоа е добро, кога ќе се јавувате на девојка или разговори со пријателите по вечерата да се води разговор, како недела-училишна екскурзија, ќе престане да го земе со цвеќиња, но во вашата канцеларија казни треба да се најкратко можно растојание помеѓу периоди. Засекуваат за воведување и заклучок, и гости пред да стигнете до второ. Имаш да го проповеда проповеди краток да се фати грешници; и ѓакони нема да веруваат ќе им треба долго време оние кои самите себе. Дајте будали првиот и последниот збор на жените. На месо секогаш е во средината на сендвич. Се разбира, светло путер на двете страни од тоа не прави никаква штета ако е наменето за човек кој сака путер. Запомни исто така дека изгледа полесно може да мудро да се зборува од мудрост. Велат дека помалку од другите колеги и слуша повеќе отколку што зборуваат, бидејќи кога човек слуша тој не кажувам на себе, а тој додворувања на колеги кои е. Дајте повеќето мажи добар слушател и повеќето жени доволно ум-хартија и ќе ти каже дека сите тие знаат. Разговори пари - но не и ако нејзиниот сопственик има лабава јазикот, а потоа и неговите забелешки се секогаш офанзива. Разговори на сиромаштијата, исто така, но никој не сака да слушне што има да каже. | Entry #9125
Voting points | 1st | 2nd | 3rd |
---|
0 | 0 | 0 | 0 |
| | | | | X Sign in to your ProZ.com account... | | | | | | ProZ.com translation contestsProZ.com translation contests offer a fun way to take a break from your normal routine while testing and honing your skills with fellow translators.
ProZ.com Translation Contests. Patent pending. |